Рамадани: Србија води специјална војна против Косово, како во 90-тите

Министерството за одбрана на Косово ги оценува како специјална војна, слична на онаа пред конфликтот во 1998-99 година, изјавите на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека Србија ќе интервенира воено доколку косовската војска се обиде да се распореди на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на српската дипломатија денеска изјави дека Србија ќе интервенира воено во северот на Косово „во случај на некој обид на Косово за напад врз Србите или за заземање на комбинатот Трепча“.

Заменикот министер за одбрана на Косово Бурим Рамадани изјави за „Газета Експрес“ дека со ваквите изјави на Дачиќ и другите српски државници, Белград повторно започна агресивна кампања во стилот на 90-тите години.

– Ова е специјална војна која се служи со дезинформации и е исклучително агресивна. Претензиите дека наводно Косово ќе ги нападне сопствените граѓани претставуваат апсурд и бесмислица во стилот на оние од 90-тите години, изјави косовскиот заменик министер за одбрана.

Рамадани нагласува дека ваквото однесување на Белград не зачудува, со оглед дека, како што вели, во Србија се на власт истите политичари кои владееја и во 90-тите години на минатиот век, само што сега имаат нови улоги.

– На крајот на краиштата, истите политичари кои ја водеа Србија во 90-тите години и сега се на власт. Само позициите ги сменија. Тогаш, како блиски соработници на (Слободан) Милошевиќ, Александар Вучиќ беше министер, а сега е претседател, додека Ивица Дачиќ беше портпарол (на Милошевиќ), а сега е министер. Во 10 години предизвикаа четири војни, геноцид, етничко чистење, масовни уништувања, силувања и безбројни масакри во Хрватска, во Босна и Херцеговина, во Косово и во Прешевската Долина, изјави Рамадани.

Според него, слично како и тогаш, Белград и сега води специјална војна за да ги обвини Албанците за можен напад, како што беше оној од крајот на 1998 година во кафеаната „Панда“ во Пеќ, кога под, до сега се уште официјално неразјаснети околности, беа убиени шест момчиња од српска националност.

– Оваа специјална војна е слична на онаа од 90-тите години, кога Србија го организира нападот познат како „случај Панда“ против косовските Срби, со единствена цел да ги обвини косовските Албанци, изјави Рамадани.

„Газета Експрес“ наведува дека Рамадани не дал конкретен одговор на прашањето дали Војската на Косово ќе испрати свои припадници на северот заедно со силите на КФОР, но нагласил дека „ќе соработува со меѓународните сили во секакви околности кои може да се појават“.

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*