Рама: Загрижен сум од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово

rama
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека е загрижен од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово.

На прес-конференцијата за ситуацијата на северот на Косово, на прашањето зошто сега ја чувствува оваа загриженост, Рама рече дека е „загрижен поради последните ултимативни тонови на сојузниците за Косово“, кои според него „може да донесат непроценливи последици“. Тој го спомена и зголемувањето на бројот на војници во Косово, што, според него, значи намалување на суверените капацитети.


– Многу сум загрижен поради драматичното опаѓање на Косово во очите на сојузниците и ултимативните тонови на сојузниците, што може да има непроценливи последици во многу аспекти, почнувајќи од последиците од зголемувањето на бројот на војници во Косово што значи намалување на суверените капацитети на Косово. Или тоа значи губење на Косово во смисла на губење шанса за целосно интегрирање на Северот во неговиот институционален живот, рече Рама.

Како што јави државната агенција АТА, тој оцени дека „тоа би било страшна работа од гледна точка на нашите интереси“.

– Поради тоа многу сум загрижен, не за она за што другите се вознемируваат, ниту за она што се прокламира како закани за Косово. Од 1999 година, Косово не е под никаква закана. Нема никаква закана за Косово. Заканата единственио е во главите на политичарите во Косово и тоа е само начин да се направи внатрешна политика користејќи ја сенката на закана која не постои, додаде Рама.

Тој истакна дека „Србија го изгубила Косово во 1999 година и оти нема сила да допре во Косово ниту прамен од коса“.

– Секој што ја гледа сцената без изборни интереси во Србија или во Косово, го знае ова, додаде Рама.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK