Рама во ненајавена посета на Турција, се сретнал со Ердоган



Рама во ненајавена посета на Турција, се сретнал со Ердоган - МИА

Тирана, 14 септември 2020 () – Албанскиот премиер Еди Рама денеска остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.


 

Веста ја објави лично Рама на социјалните мрежи каде постира и заедничка фотографија.

„Со претседателот на Турција, мојот драг пријател, Реџеп Таип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме за односите меѓу Албанија и Турција, предзвиците на времето, зајакнувањето на економијата во услови на пандемија со Ковид-19,унапредувањето на билатералната соработка , како и состојбата во регионот на западен Балкан ,напиша Рама.

По оваа ненајавена посета на Турција, Рама утре и задутре ќе престојува во Грција.

Во својство на претседавач на ОБСЕ ќе учествува на собирот што го организара списанието „Економист“(The Economist) на тема „Зајакнувањето на кохезијата во трубулетното време во Европа“што ќе се одржи во Атина следните два дена.

На маргините на овој собир Рама ќе се сретне и со неговиот грчки колега Мицотакис.