Рама: Обединети Арапски Емирати ќе изградат 2.000 станови во Драч


– Албанскиот премиер Еди Рама, кој на годишнината од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на денешн ден минатата година, престојува во посета на Обеднетите Арапски Емирати (ОАЕ).



– Во Абу Даби денеска е потпишан е договор со кој ќе се финансира изградба на 2.000 станови во подрачјето на Драч, кое беше најпогодено од катастофалниот земјотес што се случи токму пред една година, најави Рама.

Тој објави фотографии од средбата со министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, додавајќи дека во фокусот на дискусиите била и економската соработка.

– Абу Даби – со министерот за надворешни работи на ОАЕ шеикот Абдулах Бин Зајед Ал Нахјан, по потпишувањето на два договора, едниот за почеток на изградба на 2.000 станови во Драч, а другиот, за меѓувладина економска соработка, насочен кон директни инвестиции, истакна Рама.

Тој додаде дека набрзо ќе почне голема инвестиција за трансформација на пристаништето Драч, кое е  „едно од најубавите и најголемите пристаништа на Средоземјето“.

Од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, освен Драч, погодени беа и Каваја,Тирана и други области. Во земјотресот загинаа 51, а повредени беа повеќе од илјада лица. Матерјалната штета беше проценета на 1,2 милјарди евра.