Рама: Нема предвремени избори ако не се отворат преговори со ЕУ


Доколку Советот на Европа каже „не“ за отворање преговори на Албанија со ЕУ, нема да има предвремени избори и Владата ќе ја продолжи со својата работа.

Ова за емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ канал го изјави албанскиот премиер Еди Рама, што е негова прва изјава по враќањето од Брисел а во врска со шпекулациите дека земјата ќе оди на предвремни избори.

– Ние не само што нема да одиме на предвремени избори, туку ќе ја продолжиме нашата работа. На 19 октомври сонцето ќе изгрее повторно. Албанија нема зошто да оди на предвремени избори, бидејќи земјата направи се за овој процес. Доколку предвремените избори би го решиле проблемот меѓу Франција и Германија ќе размислував сериозно, изјави Рама.

Тој е со став дека нема гласање против Албанија, има само едно внатрешно прашање на ЕУ.

Во земјата, се почести се ставовите на аналитичарите, поранешни министри и секако опозицијата, дека на Албанија и се потребни предвремени парламентарни збори.

Опозицијата истовремено најави дека ќе продолжи со масовните „национални протести“ за соборување на Владата на Рама.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]