Рама: Нема да запреме се додека не ги завршиме сите задачи


По одлуката на Советот на министри на ЕУ за почеток на преговори, албанскот премиер Еди Рама излезе со порака за сите Албанци во која порача дека нема да запре се додека не се заврши секоја задача, сè додека Албанија не стане полноправна членка на ЕУ.

-Ние нема да застанеме се до исполнување на секоја задача се додека не влеземе и седнеме на големата клупа во домот на ЕУ, каде нашите деца ќе играат во иста градинка со децата од цела Европа и каде коските на преродбениците ќе почиваат мирно во гробиштата на хероите на Европа. Станаа досадни со постјаното одложување, но не не се уморивме. Ете конечно, подеднакво ќе се вее црвено-црното знаме на Ѓерѓ Кастриот (Скендербег). Но, до таму патот продолжува и се уште е нагорнина и работата што треба да ја направиме е голема, рече Рама.

Рама додаде дека нема да го слави отворањето на преговорите, но според него, тоа ќе биде кога Албанија ќе се ослободи од невидливиот непријател (косонаврусот).

-Денес има само еден празник во мојот ум, празникот на ослободувањето од овој невидлив непријател кој немилосрдно не нападна. Денеска живеам за тој ден. Тој голем ден на ослободување, кога ќе успееме да ја преживееме оваа војна, со што помалку жртви и големи страдања, ќе го дочекаме благодарение на нашиот народен отпор. Го сакам тој ден како ден на солзи на болка за оние кои не можеа да ги преживеат раните од нападот на непријателот, а потоа и солзи радосници за спасувањето на илјадници животи, благодарение на големата национална и човечка солидарност на обединетата албанска фамилија, наведува Рама.

Одлуката ја поздрави и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој на Фејбус напиша дека во „овие тешки денови за Алабнија и целиот свет,потребата за надеж е уште поголема“.


Вести

Нормализиран железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија и обратно

Железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија – Велес и обратно е нормализран повторно, откако синоќа околу 21 часот целосно е исчистен одронот од карпи на пругата помеѓу крстосницата Клисура и жеелзничката станица Миравци. Како што информиарат […]

Вести

Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион

Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по  втор пат годинава, јави дописникот на […]

Вести

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“. Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија. Само во […]