Рама: Многу брзо ќе видите граѓанско движење кое ќе прерасне во партија на Мета



Рама најавува поостри казни за оние кои не ги почитуваат мерките - МИА

Тирана, 22 мај 2020 () – Албанскиот премиер Еди Рама за телевизијата Њуз24 рече дека многу скоро ќе биде формирано ново граѓанско движење, кое ќе прерасне во партија на Мета, јави дописничката на од Тирана.

– Јас ви кажувам дека многу брзо ќе видите граѓанско движење, кое малку по малку ќе се претвори во партија на
Претседателот, а е наводно поврзано со грижата околу театарот, Уставот, татковината. Според мое мислење, тоа е
сигурно, рече Рама.

Тој додаде дека се прави секаква врева околу изборните реформи и реформата во правосудството, бидејќи опозицијата, според него, знае дека повторно ќе ги загуби изборите.

– Она што се случува има врска со фактот, а тоа ќе го видите, дека сето тоа е поврзано со изборите. Ќе видите многу наскоро дека изборите во Албанија ќе бидат поврзани со два фактора, стравот да се учествува на избори за да не се изгубат и реформата во правосудството, изјави Рама.

Тој се задржа  и на разговорот со еврокомесарот за култура околу уривањето на Националниот  театар, при што рече дека го информирал за фактите и за реализираниот дијалог со, како што вели, вистинските актери. Додаде дека тетарот никогаш не бил прогласен за споменик на културата.

 


Бизнис и економија

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време

– Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време бидејќи, според нив, тоа е спротивно на Гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време. […]

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд - МИА
Бизнис и економија

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

– Управниот суд ја отфрли тужбата на „Еуростандард банка“ во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во образложението на одлуката се наведува дека за Еуростандард банка е отворена […]

Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]