Рама: Мини Шенген не е „план Б“ за Западен Балкан


Албанскиот премиер Еди Рама, оценува дека идејата за сеопфатен регионален Шенген помеѓу шест земји од Западен Балкан, базиран на четирите слободи на ЕУ(слободен протек на стока, капитал, услуги и работа), не е замена, туку најдобриот начин за подготовка за интеграција во ЕУ.  Во уводникот на „Еуроактив“, насловен „Мини-шенген не е план Б за Западен Балкан“ Рама оценува дека на Европската Унија не и е потребна само стабилност во Западниот Балкан туку и помирување.  -Сите ја делиме целта за европска интеграција и најдобриот начин да одиме напред е активно да се подготвиме за тоа, преку отворање на нашите економии и граници, на начин директно инспирирано од основните начела што стојат зад европскиот проект. Подобрата поврзаност на Западен Балкан, ќе овозможи да се интегрира побрзо и по успешно во ЕУ. Додека се подготвувам за Меѓународната донатроска конференцја за обнова на Албанја по катастрофалнот земјотрес идната недела, имам надеж дека оваа година ќе донесе напредок за Албанија на патот кон ЕУ,вели Рама.  Како и да е ,додава, ние тврдоглаво сме убедени дека не постои ништо кое ќе ги спречи да бидат дел од големото европско семејство и „победата на нивниот народ ќе биде и победа на ЕУ“.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]