Радев: Уставот е темелот на државното уредување и со неговата измена треба исклучително внимателно да се пристапува

radev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставот е темелот на државното уредување и општествените односи, а интервенцијата во овој темел и неговата промена мора да се направат крајно внимателно, за да се гарантира одржливост на општествено-политичките процеси, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по отворањето на тридневниот форум „Зелена недела 2023“, посветен на зелената транзиција во земјите од Централна и Источна Европа и енергетското поврзување, зеленото финансирање и иновациите.

-Многу се надевам дека Уставот нема да се искористи како параван за да се сокријат интимните сцени меѓу некои партии во Собранието од погледот на нашата јавност. Или како огномет да го одвлече вниманието од важните проблеми на општеството, кои не се во фокусот, или да биде лек за нашиот правосуден систем веќе преземен од лични партиски интереси, додаде шефот на бугарската држава.


Според него, многу е чудно како парламент, растргнат од противречности, со ниска јавна доверба и многу низок легитимитет, ќе работи на овие уставни измени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK