Протестени маршеви во Тирана, Драч и Валона против сексуалното насилство


Протестени маршеви во Тирана, Драч и Валона против сексуалното насилство - МИА

Тирана, 4 јули 2020 () – Под мотото „За украденото детство“ доцна попладнево во Тирана, Драч и Валона, се одржаа протестни маршеви на кои учествува илјадници граѓани, главно жени заедно со нивните ќерки.

Ова се случува по обелоденувањето на сексулното злоставување на 15-годишна ученичка од страна на 65-годишен чувар на училиште. Обвинетиот, освен што тоа го правел под присила и закана дозволил девојчето да го силуваат и неколкумина адолесценти.

На протестот во Тирана имаше и познати имиња,како поранешната пратеничка Грида Дума, албанската музичка ѕвезда Аурела Гаќе, пратеникот Халит Валтери и многу други, кои маршираа од плоштадот „Мајка Тереза“ до пред зградата на Министертвото за образование.

Учесниците носеа плакати на кои најчесто пишуваше „Смрт за педофилите„ и „Сакаме правда“.

Претходно на денешната пленарна седница пратеникот Валтери побара враќање на смрттната казна во Албанија, додавајќи дека „кој ќе допре дете да биде обесен во центарот на градот“.

-Кој ќе допре дете да биде обесен, да се врати смрттната казна, апелирам да почнеме иницијатива за тоа и да го измениме кривичниот законик. Овој педофил треба да се обеси во ценатрот на градот, рече тој од собраниската говорница.

Во Албанија, според учесниците во протестниот марш, 12 отсто од децата сексуално се вознемирувани, додека пет отсто сексулно се злоставувувани. ссм


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]