Протест во Загреб против новите епидемиолошки мерки


– Во Загреб се одржува протест против новите мерки за борба против епидемијата на коронавирусот, а според Индекс.хр на собирот нема многу луѓе, но има голем број полицајци кои ги легитимираат присутните.



-Ова е спонтан собир, рече една од организаторите на собирот, Жана Бебер, членка на Главниот одбор на партијата Слободна Хрватска.

„Полицијата ни соопшти дека мора да се придржуваме до мерките и дека не смее да има повеќе од 20 лица или ќе мора да преземат мерки, а кои ќе бидат мерки, допрва ќе видиме“, додаде таа.

Таа изјави дека нејзината главна порака е дека е доста од репресија – „ние сакаме слобода, а не ропство“.

Според неа, корона кризата е политички проект.

-Целата приказна е надуена, и претходно умираа стари и болни луѓе. Бев на сите протести, се гушкавме и се бакнувавме и никој од нас не се зарази, додаде таа.

Истовремено таа ги обвини хрватските власти за спроведуваат диктатура, владеење на страв и терор.