Продолжуваат процедурите и интервјуата за азил во Лезбос



Продолжуваат процедурите и интервјуата за азил во Лезбос - МИА

Брисел, 15 септември 2020 () – Европската канцеларија за азил, ЕАСО, информираше дека по куса суспензија поради пожарот во бегалскиот камп Мориа, на островот Лезбос, интервјуата на бегалците баратели на азил ќе продолжат во наредните денови, јави дописничката на од Брисел.

Околу 160 лица работат на Лезбос за ЕАСО на процедурите за азил за бегалците кои пристигнуваат на островот, од интервјуа до релокација на лицата кои добиле меѓународна заштита.

Поради пожарот нивните активности се суспендирани од осми септември годинава, но Канцеларијата уверува дека е во постојан контакт како со Европската Комисија така и со грчките власти на обезбедување помош и непречено продолжување на процедурите за азил.

ЕАСО,исто така, ги отфрли и шпекулациите дека поради пожарот се изгубени документи и апликации за азил, бидејќи сите апликации се прават по електронски пат. Што се однесува до интервјуата со бегалците, Канцеларијата информира дека тие не се одржуваат во кампот во Мориа.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*