Приведен секретарот на бугарскиот претседател


Приведен секретарот на бугарскиот претседател - МИА

Софија, 9 јули 2020 () – Пламен Узунов, секретар за правни и антикорупциски прашања на бугарскиот претседател Румен Радев, денеска е приведен во рамките на истрагата за тргување со влијание.



Претходно, обвинители, претставници на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за заштита на сведоци извршија претрес во канцелариите на претседателската администрација.

Претресот е одобрен и од Воениот суд во Софија, како и од Специјализираниот кривичен суд.

Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев изјави дека бил извршен претрес и се одземени материјали од две канцеларии, кои ги користат советникот и секретарот на претседателот Радев.

Специјализираното обвинителство ги испитува како сведоци Пламент Узунов и бизнисменот Пламен Бобков, кои подолг прериод комуницирале на различни теме, меѓу кои и за предлозите за амбасадори.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*