Претседателот на ЕП, Сасоли ја одложи посетата на Албанија


Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ја одложи посетата на Албанија, која требаше да ја реализира на 2 и 3 декември, поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

На Твитер Сасоли напиша дека се уште нема конкретен датум кога ќе допатува во Албанија.

– Се надевам дека Вие и вашите семејства сте добро и дека не сте многу погодени од земјотресот. Поради оваа трагедија, одлучено е да се одложи посетата. Сè уште немаме нов датум, но сакаме да ја оствариме оваа посета што е можно поскоро. Ќе бидеме во контакт, пишува претседателот на Европскиот парламент на Твитер, пренесува Топ чанел.

Сасоли посетата на Албанија ја најави на почетокот на ноември кога ја најави и посетата на Република Северна Македонија, каде престојуваше на четврти ноември.

Тој тогаш изјави дека ЕП ги поддржува народот на Албанија и Македонија, повикувајќи ги да не се предаваат, дури и по одлуката на Советот да не се отворат преговори.

– Посетата на Македонија и многу брзо на Албанија е најважната работа за мене во ова време. Знаеме дека луѓето во двете држави се длабоко разочарани од неуспехот на Советот да се согласи да отвори разговори за пристапување заради ветото на некои земји-членки. Ние ја разбираме и споделуваме оваа фрустрација. Албанија и Северна Македонија ги спроведоа реформите што ги баравме од нив и сега заслужуваат да бидат наградени за нивните вонредни напори. Покрај тоа, сакам да апелирам до граѓаните и особено до помладата генерација: Не откажувајте се од надежта, ве молам останете на европскиот пат. Европскиот парламент е со вас, изјавил Сасоли пренесува Топ чанел.

Тој посочил дека ЕП ги поддржува двете земји од Западен Балкан и додал дека ќе ги поттикне државите на ЕУ да донесат едногласна одлука во корист на преговорите за пристапување на следната средба.


Вести

Индекс на демократија на „Економист“: Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими“

– Демократијата во Македонија според најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“ се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77. место со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е […]

Вести

Се зголемува бројот на заболени од грип, регистрирани над 1.000 заболени

– Се зголемува бројот на заболени од грип. Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип […]

Вести

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април“

– Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по […]