Претседателот на бугарското Национално собрание Росен Желјазков и парламентарната делегација предводена од него пристигна во Рим.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Бугарската делегација утре ќе биде примена од папата Франциск на традиционалната аудиенција по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просветата и културата и на словенската литература – 24 мај, соопшти прес-центарот на бугарскиот парламент.
Бугарската делегација денеска ќе положи венец на бистата-споменикот на капетанот Петко војвода во главниот град на Италија. Во почетокот на 1866 година, капетанот Петко војвода ја посетил Италија за да го запознае Џузепе Гарибалди и останал во неговиот дом. Таму е роден одредот Гарибалди, составен од 220 Италијанци и 67 Бугари, кои учествувале во Критското востание.
Во рамките на посетата, Желјазков ќе се сретне со претседателот на Домот на пратениците на Италија, Лоренцо Фонтана. Бугарската делегација на 24 мај ќе присуствува на свечена православна литургија во базиликата „Сан Клементе“, каде што се наоѓа гробот на Свети Константин-Кирил Филозоф, а ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде во 9. Словенските книги добија официјално признание од папата Адријан II.
Во делегацијата се амбасадорот на Бугарија во Светата столица Богдан Паташев, потпретседателот на бугарското Народно собрание од „Преродба“ Цончо Ганев, потпретседателката на парламентот Филиз Хусменова од ДПС, претседателката на ПГ на ГЕРБ-СДС Десислава Атанасова, копретседателот на ПГ на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов, секретарот на ПГ на „БСП за Бугарија“ Ирена Анастасова, претседателот на ПГ на „Има таков народ“ Тошко Јорданов, претставници на Бугарската православна црква и на Католичката црква во Бугарија.
Последен пат во 2019 година, претседател на бугарскиот парламент имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква на 24 мај. Тогаш бугарската делегација ја предводеше претседателката на Народното собрание Цвета Карајанчева. Во 2021 година бугарската делегација во Ватикан ја предводеше бугарскиот претседател Румен Радев, а лани тогашниот бугарски премиер Кирил Петков.