Пожар во Калифорнија, евакуирани 2.000 луѓе


Пожарот во северниот дел на Калифорнија, во близина на границата со Орегон, принуди 2.000 жители да се евакуираат, соопштија денеска претставници на локалните власти.

 

 

Пожарот, кој избувна во петокот, изгоре голем број куќи и критична инфраструктура.

Во најголемиот пожар во Калифорнија оваа година, во округот Сискију изгореа од 30.000 до 40.000 хектари шума и вегетација.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба, што му овозможува поголема флексибилност во донесувањето одлуки за одговор во итни случаи и пристап до федералната помош, но исто така ја отвора можноста за пожарникарите од другите делови на САД да помогнат во борбата против пожарите, соопшти кабинетот на гувернерот.