Повторно голем број починати и новозаразени во Грција


Во Грција повторно е зголемен бројот на нови и смртни случаи, од Ковид-19, регистрирани се 2.199 новозаразени, а починаа 111 лица , јави дописничката на МИА од Атина.



Од новите случаи, половина се во Солун (538), во Атика (413) и во Лариса (112).

На Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се лекуваат 596 пациенти.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 107.470 заразени и 2.517 почонати од Ковид-19.