Потврдена кандидатурата на Шмит за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ


– Германскиот Бундестаг официјално ја потврди кандидатурата на Кристијан Шмит за кандидат за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, пренесува „Независне новине“.



Според весникот, сегашниот висок претставник во БиХ, Валентин Инцко, исто така бил информиран од почеток.

Како што пишува „Независне новине“, Германија ги отфрла шпекулациите што се појавија во медиумите дека доаѓањето на Шмит е договорено со Русија и дека американската Влада не е информирана.

Германија сака да работи со сите без разлика на исполнување на условите 5 + 2 во БиХ за затворање на ОХР, за БиХ што побрзо да биде примена во ЕУ, пишува „Независне новине“.