Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).
Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема мера придонесува за зајакнување на соработката меѓу Црна Гора и Европската унија во областа на управувањето со границите и постигнување на очекуваните стандарди на патот кон полноправно членство.
Новиот договор, меѓу другото, предвидува распоредување офицери на Фронтекс и примена на извршните овластувања на кој било дел од државната граница на Црна Гора, не само на границата со Европската унија како што е дефинирано со претходниот договор.
Предвидено е, покрај службениците на полициската управа на Црна Гора, задачи за гранична контрола да вршат и членови на тимовите на постојаните сили на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража