Порано од планираното се отвораат моловите, кафулињата и угостителските објекти во Грција


Порано од планираното се отвораат моловите, кафулињата и угостителските објекти во Грција - МИА

Атина, 16 мај 2020 () – Грчката Влада, продолжува со намалување на рестриктивните мерки, побргу од почетниот план односно една седмица порано од планираното се отвораат моловите, кафулињата и угостителските објекти.



Трговските центри и моловите во Грција, в понеделник ги отвораат вратите за граѓаните, наместо на 25 мај како што првично беше планирано, додека пак кафулињата и угостителските објекти, наместо на 1 јуни, ќе се отворат на 25 мај, јави дописничката на од Атина.

Исто како и за другите бизниси што започнаа со работа, така и за трговските центри и моловите ќе важат посебни правила и прописи.

Во продавниците што се наоѓаат во моловите е задолжителна употребата на маска и од вработените и од купувачите, а за во останатите делови од моловите односно за ходниците и останатите простории постои силна препорака за користење маска.

Бројот на купувачи ќе биде во зависност од големината на просторот, а задолжително е одржување на потребното растојание.

Во однос на кафулињата и рестораните, грчката Влада побара од здравствената комисија на експерти да ја разгледа можноста, доколку тоа го дозволува епидемиолошката ситуација, да се отворат една седмица порано, на 25 мај.

Според информациите во Грција, како што јавува дописничката на од Атина, процените се дека онаму каде што почетокот на општествените и економски активности е на организиран начин, со почитување на здравствените правила, резултатите се позитивни.

Утрово, експертската комисија даде „зелено светло“ за угостителските објекти, а утре, надлежниот министер ќе ги презентира правилата на работа.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]