Поранешен директор на АИ за Турција осуден на шест години затвор поради тероризам


Поранешен директор на АИ за Турција осуден на шест години затвор поради тероризам - МИА

Истанбул, 3 јули 2020 () – Турски суд денеска го осуди поранешниот извршен директор на Амнести Интернешнал (АИ) за Турција, Танер Килич на повеќе од шест години затвор, а уште тројца активисти за заштита на човековите права се осудени на затворска казна од две години и еден месец, соопшти меѓународната организација за заштита на човековите права.


 

Амнести Интернешнал за Турција напиша на својот налог на Твитер дека уште седуммина обвинети се ослободени, кои се приведени пред три години по обидот за државен удар во 2016 година.

– Ова е невидено. Апсурдни тврдења. Нема докази. По тригодишно судење, Танер Килич е осуден за членство во терористичка организација, напиша на Твитер претставникот на АИ, Ендрју Гарднер.