Помпео следната недела во Хрватска, во фокусот Западен Балкан


Помпео следната недела во Хрватска, во фокусот Западен Балкан

Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, потврди дека следната недела во Хрватска пристигнува американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и дека меѓу темите на разговор ќе биде и укинувањето на визите, Западен Балкан со акцент на Босна и Херцеговина, договор за избегнување на двојно оданочување и визно ослободување.

Меѓу членките на ЕУ единствено државјаните на Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар не можат да влезат во САД без виза.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјавил во јуни дека Хрватска е во завршна фаза за ослободување од визите за САД.

„Во скеој случај тоа е една добра средба. Ги зајакнуваме трансатлантските врски и соработки“, рекол Грлич Радман.

Се очекува дека Помпео за време на посетата на Хрватска ќе се сретне со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Радман.

Помпео неодамна ги посети Полска, Чешка и Словенија. Ги предупреди на опасност од растечко влијание на Кина и Русија, а се очекува истото да го направи и во Хрватска.

Кој став ќе го заземе Хрватска по прашањето за 5Г-технологијата од Кина и дали ќе потпише со САД заедничка изјава за безбедност на 5Г-мрежа, Грлиќ Радман не сакал да одговори, но порачал дека ќе се разговара за тоа, а за деталите и датумот (за пристигнувањето на Помпео) навремено ќе ги информира медиумите.

Помпео следната недела во Хрватска, во фокусот Западен Балкан


Вести

Објавени конкурсите за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

– Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок […]

Вести

Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

– Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 […]

Бизнис и економија

Нов протест на оштетените од Еуростандард банка

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка најавуваат дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, како што наведуваат, „на еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, а тоа е Народната Банка“. Протестот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*