Полицијата прави претрес во домот на словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек


Љубљана, 30 јуни 2020 () – Словенечките истражни органи со цел да соберат докази околу сомнежите за корупција при набавката на респиратори и медицинска опрема прават претреси на 11 локации, меѓу кои и во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, јави дописникот на од Љубљана.

Според Телевизија Словенија (РТВ), ова претставува своевидна кулминација на двомесечната истрага која почна по емитувањето на емисијата „Тарча“ на државната телевизија, каде беа објавени документи и снимени телефонски разговори за наводен системски криминал при осуммилионската набавка на медицинска опрема.

РТВ објави дека криминалистите правеле претрес и во седиштето на компанијата „Генепланет“, преку која се направи набавката на опремата.

Инаку, овој случај беше повод за антивладините протести кои секој петок се одржуваат во Љубљана и другите поголеми градови.

Почувалшек ја „преживеа“ и интерпелацијата во Собранието, што му ја поднесоа сите опозициски парламентарни партии.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*