Подигнато обвинение против шест лица за убиството на Оливер Ивановиќ


Специјалното обвинителство на Република Косово денеска подигна обвинение пред Специјалното одделение на приштинскиот Основен суд против шест лица осомничени за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси две години во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на Обвнинителството се наведува дека обвинетите се товарат за кривичните дела „Учество или организирање на организирана криминална група“, „Злоупотреба на службената должност и овластување“, „Помош во извршувањето на кривичното дело Тешко убиство“, Неовластено поседување оружје“, „Откривање службена тајна“, „Злоупотреба на службената должност во соизвршување“ и „Манипулирње со докази во соизвршување“.

– Специјалното обвинителство информира дека лицата Н.С., М.Р. и Р.Б., кои се наоѓаат во притвор, како и М.Р, З.В. и Ж.Б., кои се во бегство и за кои надлежен суд објави налог за приведување и меѓународна потерница, дејствувале како организирана криминална група со структура и хиерархија, со формално определени улоги, криминална група која не е формирана случајно, туку дејствува од 2011 година наваму, раководена од лицата З.В. и М.Р., кои се во бегство, при што сите обвинети дејствуваат во континуитет и во соработка, намерно и свесни за намерата и општите дејствија на организираната криминална група за вршење едно или повеќе кривични дела (…) при што дејствијата на оваа група резултираа со убиството на Оливер Ивановиќ, откако истите претходно му го запалија автомобилот, се вели во обвинението што го објави Специјалното обвинителство.

Приштинските медиуми објавија дека сите шест обвинети се припадници на српската етничка заедница во Косово.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]