Почнаа граѓанските собири во Белград и други градови низ Србија


Почнаа граѓанските собири во Белград и други градови низ Србија - МИА

Белград, 9 јули 2020 () – Во неколку српски градови, Белград, Нови Сад, Врање и Чачак почнаа да се собираат граѓани, кои трет ден по ред излегуваат на улиците во знак на протест поради незадоволството од состојбата во државата и најавените нови мерки за спречување на коронавирусот.

Во Белград луѓето полека пристигнуваат пред српскиот Парламент. Некои седат на платото и држат пароли „Не наседнувај. Седни“. Сообраќајот и понатаму се одвива нормално, а некои граѓани им свират од автомобилите во знак на поддршка.

Неколку десетици граѓани се собраа на Плоштадот Слобода во Нови Сад, главно млади луѓе, кои носат различни транспаренти и знамиња, меѓу кои „Срам да ви е“, „За чии деца?“.

Граѓаните, како што беше вчера најавено, бараат оставка од директорот на полицијата Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, од шефот на државата Александар Вучиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

Едно од барањата е и распуштање на Кризниот штаб, како и финансиските средства кои се наманети за црквата да се пренасочат за медицинските работници.

На вчерашниот протест во Нови Сад учествуваа повеќе илјади граѓани, а демолирана е Градската куќа, влезот на РТВ и простории на владејачката партија СНС.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*