Заедничкото патролирање на полициите на Косово и Албанија почна денеска со цел да се зголеми безбедноста во патниот сообраќај во Албанија, соопшти косовската полиција.
Полицијата на Косово и државната полиција на Албанија, како и претходните години, подготвија меморандум за соработка на патролите во Албанија.
Косовската полиција соопшти дека „заедничкото патролирање е оценето како успешно“ особено поради бројот на косовски државјани кои заминуваат на одмор во Албанија и поради тоа што голем број возила ги користат патиштата и на Косово и на Албанија.