Почна уништувањето на муницијата пронајдена во Црното Море во близина на Истанбул

brod_2342432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Уништувањето на муницијата пронајдена во Црното Море на 70 километри североисточно од градот Истанбул почна изутринава, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Областа каде се уништуваат проектилите е опколена.


Вкупно 28 парчиња муниција беа пронајдени минатата недела во Црното Море во близина на турскиот град Шиле. Сигналот за присуство на муниција во морската вода кај општинската плажа Софулар до жандармеријата го доставил граѓанин кој бил на плажата на 28 јули. Плажата беше евакуирана.

Нуркачите кои работеле за Главната команда на турските поморски сили успеале да извадат девет неексплодирани гранати од морето.

Откриената муниција била на десетина метри од плажата, на длабочина од еден до еден ипол метри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK