По невидениот гаф, градоначалничката на Драч поднесе оставка


Градоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка по изјавата која доцна синоќа во живо ја даде за Топ ченел. Сако, веројатно по грешка, изјави дека тие се задоволни со 50 жртви.

– Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада, рече Сако.

Соопштувајќи ја одлуката на нејзиниот профил на Фејсбук да се повлече од градоначалничката функција, таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала синоќа.

Таа им се заблагодарува на сите за довербата што и ја дале и бара разбирање од сите, поради изјавата која е последица на нејзината премореност.

– Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат,напиша на Фејсбук.

Во катастрофалниот земјотрес што утрото на 26 ноември ја погоди Албанија животот го загубија 51 лице а околу две илјади се повредени, од нив неколку се уште се во тешка здравствена состојба од кои тројца се транспортирани на понатамошен третман во Италија.

Инаку, тлото во Албанија не мирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала, е регистриран синоќа со епицентар во Хамалај кај Драч, а утрово со магнитуда од 3,9 со епицентар во Јадранско Море исто така кај Драч.


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]