„Пица хат“ ги затвора сите ресторани во Грција


„Пица хат“ ги затвора сите ресторани во Грција - МИА

Атина, 31 јули 2020 () – Американскиот синџир ресторани за брза храна „Пица хат“ се повлекува од Грција и ги затвора сите 16 ресторани во земјата, откако констатирале дека бизнисот повеќе не е одржлив, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на извори од компанијата, јави дописничката на од Атина.


 

– Во последните 12 години и покрај континуираните финансиски загуби, компанијата инвестираше 23 милиони евра за развој на синџирот во Грција, а паралелно во последната деценија отвори и обезбеди над 450 работни места. Но, за жал, пандемијата на коронавирусот, која создаде криза во нашата земја и во странство, силно го погоди  угостителскиот сектор и доведе до влошување на постоечките тешкотии и неможноста да се промени негативната клима, рекле извори од „Пица хат“ за АНА-МПА.

Додаваат дека одлуката следи по повеќемесечните напори на компанијата да најде одржливо решение, а последица од заминувањето од Грција ќе биде околу 180 лица да останат без работа.