Петмина светски диџеи на Solar Summer во Бургас


Петмина светски диџеи ќе настапуваат на Solar Summer во Бургас, во периодот од 13 до 15 август, соопштија организаторите, пренесува БТА. Во трите дена ќе гостуваат Hot Since 82, Michael Bibi, Paco Osuna, Victor Calderone и Amelie Lens.


 

Две клучни фигури на британската електронска сцена ќе се појават зад пултот вечерта на отворање (13 август). Дејли Педли, познат во јавноста како Hot Since 82, е меѓу топ 10 најпродаваните уметници на Beatport со хитот Bigger Than Prince (ремикс).

Michael Bibi е творец на Hanging Tree. Повеќе од 20-годишната кариера на Пако Осуна вклучува бројни  издавачи како Plus8, Minus, Mood, како и оние за неговата сопствена платформа Mindshake. Виктор Калдероне ќе појави зад пултот на втората вечер на фестивалот. Има заеднички проекти со имиња како Мадона, Стинг и Бијонсе, како и со Ричи Хотин, Адам Биер и Никол Мудабер. Последната вечер ќе биде целосно за Амели Ленс. Адам Бејер ја опишува нејзината музика како „чиста форма на техно што ќе остане со текот на времето“.