Петмина руски морнари засега спасени од потонатиот товарен брод, двајца се удавиле


– Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа во потонатиот 13-член руски товарен брод крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.



-Пет лица се спасени од рускиот товарен брод, изјави гувернерот на Бартин, Синан Гунер, цитиран од агенцијата Анадолија.

Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.

Во меѓувреме, пристигнаа лоши вести, откако гувернерот Гунер соопшти дека загинале најмалку две лица од бродот.

-На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица се спасени и пронајдовме две тела на починати морнари, изјави гувернерот.