Пет војници загинаа во Турција



Пет војници загинаа во Турција - МИА

Истанбул, 27 јули 2020 () – Петмина турски војници загинаа, а десет се хоспитализирани, откако автобус со кој се превезувале се превртел во провинцијата Мерсин, во јужниот дел на Турција.


 

Освен нив загинал и возачот на автобусот.

Повредените војници веднаш биле пренесени в болница со тешки повреди.

Засега не е познато која е причината за инцидентот.