Парламентот во Тирана расправа за зголемување на платите во администрацијата, но со висок процент и на функционерите и пратениците

PARLAMENT Tirana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај денеска во парламентот во Тирана презентираше предлог закон со кој се отвора пат за зголемување на платите во администрацијата.

Ибрахимај најави дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна.


– Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна врска помеѓу позицијата и соодветната одговорност со платата. Даваме подобра плата и ќе очекуваме подобра работа за секоја плата, рече таа.

Ибрахимај најави дека реформата дозволува на секои два лека собрани во буџетот од даноци и такси, еден лек да оди за директни плаќања на граѓаните.

Предлогот по кој расправаат пратениците предвидува и висок процент за зголемување на платите на пределот, премиерот, пратениците, министрите.

Од досегашната расправа ова прашање ќе ги обедини власта и опозицијата и повеќе од сигурно е дека ќе биде изгласано.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK