Отворен повеќенаменски нов центар за бездомници во Атина


Отворен повеќенаменски нов центар за бездомници во Атина - МИА

Атина, 9 април 2020 () – Со капацитет да прими до 400 лица, со можност за дневен престој, преноќување и реинтеграција во општеството, општина Атина отвори нов центар за бездомници, а Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираше лицата за коронавирусот, јави дописничката на од Атина.

Како што соопштуваат од општината, веќе се регистрирани 100 граѓани кои се подготвени, од улиците да се „преселат“ во центарот што ќе работи 24часа, нуди оброци три пати на ден, а се состои од три дела: дневен центар, преноќевалиште и пансион.

Дневниот центар располага со бањи, тоалети и машини за перење, каде што бездомните лица може да се избањаат и да ја исперат нивната облека, но и простории со интернет и телевизија.

Преноќевалиштето е за бездомниците да имаат безбедно место да преспијат, а во пансионот можат да останат онолку колку што е потребно за да се реинтегрираат во општеството.

Во центарот има доктори, болничари, социјални работници и психолози за медицинска грижа и психолошко – социјална помош на лицата.

Претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, во текот на вчерашниот ден ги тестираше за коронавирусот, бездомните лица кои го посетија центарот, а доколку се открие позитивен случај на Ковид-19, ќе се следи предвидената процедура на изолација во специјални простории во самиот центар.

 


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]