– Поради пожарите во Грција, откажан е приемот што секоја година на 24 јули се одржува во Претседателската палата за одбележување на годишнината од возобновувањето на демократијата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Со оглед на вонредните услови во земјата поради пожарите, утрешниот прием за годишнината од возобновувањето на демократијата се откажува, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.