Османи во Вашингтон се сретна со претседателот Бајден


– Претседателката на Косово, Вјоса Османи вечерва објави фотографија од средба, заедно со сопругот Приндон Садриу, со претседателот на САД, Џо Бајден и неговата сопруга, Џил Бајден, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

 

Османи фотографија ја објави на нејзината официјална страница на Фејсбук, со коментар дека меѓу Косово и САД продолжува „непоколебливо партнерство“.

– Вечно пријателство и непоколебливо партнерство со САД, напиша Османи.

Косовската претседателка се сретна со Бајден и на церемонијата во Лондон по повод погребот на британската кралица Елизабета Втора, по што отпатува во неколкудневна официјална посета на САД.