Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

protivpozarno vozilo solun
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис,

Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија.


Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот.

Во исто време, градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, побара прогласување вонредна состојба во неговиот град од страна на регионалниот гувернер на областа Западна Македонија, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, а исто така го погодија и земјоделското производство.

Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK