Нови протести во Љубљана против Владата на Јанез Јанша (ДПЛ) (видео)



Нови протести во Љубљана против Владата на Јанез Јанша (видео) - МИА

Љубљана, 22 мај 2020 () – Неколку илјади луѓе на велосипед протестираа доцна попладнево во Љубљана против коалициската Влада на десниот центар на премиерот Јанез Јанша, јави дописникот на од словенечката престолнина. Организаторите бараат техничка влада и предвремени избори.

Слични протести се одржуваат и во Марибор и Цеље.

Тоа е четврти таков протест во Словенија, што се одржува под слоганот „Вие нема да ја одземете нашата слобода“, организиран од разни иницијативи. Но, според словенечката агенција СТА, ова е првпат што се собираа и писмени повици за оставка на Владата.

Демонстрантите, кои поради забраната за собирање не стојат во место, возат кругови околу централниот дел на Љубjана. Словенечката полиција постави заштитна ограда околу Собранието пред вечерашните антивладини протести, јави дописникот на од Љубљана. Демонстрантите се незадоволни и од ваквата одлука на властите, бидејќи со оградата е узурпиран и дел од јавниот простор.

Антивладини протести во Љубљана.

Posted by MИА.mk on Петок, 22 мај 2020

Демонстрантите проценуваат дека мерките на Владата за време на епидемијата биле прекумерни и дека прикрила корумпирани и недемократски постапки што Владата ги преземала на самиот почеток на мандатот, оправдувајќи ги со самата епидемија.

Антивладини протести во Љубљана.

Posted by MИА.mk on Петок, 22 мај 2020

Веќе еден месец, секој петок илјадници граѓани со велосипедски марш во центрот на градот го изразуваат незадоволството од работата на Владата предводена од Јанез Јанша, која стапи на власт на 13 март годинава.

Се почна по веста за наводно коруптивно однесување на министерот за економија Здравко Почивалшек за набавка на заштитна опрема, од кого се бара оставка.  Демонстрантите се организирани преку социјални медиуми и невладини органзиации и велат дека не сакаат на протестите да присуствуваат политички партии и нивни членови.

Во меѓувреме, попладнево, мала група мотоциклисти во Љубљана изразија поддршка за Владата
Според локалните медиуми, владејачката СДС организира и свој, своевиден контра-протест.

 


Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]