Нови осум случаи со коронавирус во Косово, заразени вкупно 71 лице


Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави попладнево дека во земјата се откриени осум нови случаи на лица заразени со вирусот Ковид-19, по што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус сега изнесува 71, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на ИШПК, четворица од лицата кај кои денеска е потврдено присуството на Ковид-19 се од село во општина Малишево, тројца се жители на Приштина и едно лице од општина Вучитрн.

Во текот на денешниот ден во лабораторијата за молекуларна миробиологија на ИШПК се испитани 34 примероци земени од лица хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и од терен.

Од 8 февруари, заклучно со денешнниот ден, тестирани се вкупно 766 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот. Од нив, 71 случај резултираа со позитивен наод, додека едно лице, возрасен маж на 82-годишна возраст, почина, се вели во соопштението на ИШКП.


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]