Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија



Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија - МИА

Тирана, 2 август 2020 () – Албанија и понатаму со негативни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19. По вчерашните 120, денеска се потврдени 123 новозаразени, што е највисока бројка за едно деноноќие од почетокот на епидемијата во земјата на почетокот на март.

– Во последното деноноќие од направените 474 тестови, позитивен резултат е добиен кај 123 од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 57, а за жал ја изгубија пет пациенти, на возраст од 47 до 72 години, тројца од Скадар и двајца од Тирана, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита.

Албанскатра метропола продолжува да биде главно жариште на болеста. Од последно потврдените нови случаи половина се токму од Тирана, каде се и половина од активните случаи или 1.285 лица.

Со последно потврдените случаи, вкупната бројка на заразени сега изнесува 5.519, од нив оздравеле 3.018, а починале 166 додека активни на болеста се 2.335. Во двете ковид болници се третираат 120 пациенти, од нив 24 се во тешка здравствена состојба.

Од Министерството информираат дека 28 летни здравствени центри, со лекар и медицинска сестра обучени и за Ковид-19, се на располагање на туристите, каде може да добијат информација или услуга во текот на 24 часа.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*