Нема докази за продажба на белгиско оружје на Русија преку Србија, тврди Владата на Валонија

pushka_uzi_345345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Владата на белгискиот франкофонски регион Валонија заклучи дека „нема докази“ оти белгиско оружје и се продава на Русија преку Србија, објави денеска „Брисел Тајмс“.

Истрагата за наводна продажба на оружје на Русија, започна откако неодамна белгиската државна телевизија РТБФ објави дека компанијата за производство на воена опрема „Њу Лашозе“ од валонскиот град Ерстал, ги крши санкциите на ЕУ противзаконски продавајќи ѝ оружје на Москва преку Србија.


По објавувањето на ваквите информации претседателот на валонската Регионална влада, Елио ди Рупо и забрани на „Њу Лашозе“ да му продава оружје на Белград и иницира истрага за наводите.

– Според изјавите на американското воено аташе во Србија, нема индикации за српски извоз во Русија (ниту во Белорусија), ниту во моментов има некаква трага од српска муниција на бојното поле во Украина, објави истражната комисија за случајот, формирана со одлука на Ди Рупо.

Врз основа на тоа, според комисијата, чии членови престојуваа во тридневна мисија во Србија, „нема докази кои укажуваат дека имало прекршување на санкциите на ЕУ кон Русија или на руското ембарго“.

Според студијата на германската тинк-тенк организација Институт за светска економија од Кил, Белгија е 24-ти најголем донатор на помош на Украина врз основа на процентот од нејзинот БДП.

Институтот посочува дека во текот на 2022 година Белгија доставила воена, хуманитарна и финансиска помош на Укрина во износ од 245 милиони евра, што претставува 0,05 проценти од белгискиот БДП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK