НАТО ја предупреди Турција на последиците од инсталирањрто на С-400


НАТО денеска ја предупреди Турција на „потенцијалните последици” од купувањето на рускиот протививздушен ракетен систем за одбрана С-400, откако во оваа земја пристигна првата пратка со дел од опремата, јави ДПА.  

„На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат, но ние сме загрижени за можните последици од одлуката на Турција да се стекне со системот С-400“, изјави  официјален претставник на НАТО.

“Интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за НАТО во спроведување на нашите операции и мисии”, додаде официјалниот претставник, притоа потенцирајќи дека Турција соработува со другите сојузници во развојот на системите за воздушна и ракетна одбрана од голем дострел, јави ДПА.

Вести

Западна Австралија ја легализира еутаназијата

Парламентот на австралиската сојузна држава Западна Австралија денеска изгласа закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот. Со тоа таа е втора австралиска држава во која е легализирана еутаназијата. Австралиската сојузна […]

Балкан

Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право […]