Над 15 сомнителни коверти испратени до образовни институции во Грција


Нови сомнителни коверти биле откриени на универзитетите во неколку грчки градови, а речиси сите пратки потекнуваат од Индија и се адресирани или до ректорите или до самите универзитети.

Бројот на откриени коверти во изминатите два дена кои можеби содржат непознат прав за сега е над 15, а пратките веројатно биле испратени во изминатите 20-на дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Вработените на универзитетите и факултетите во Ламија, Арта, Волос, Солун, како и на островите Лезбос, Крит и Крф пријавиле дека до нив стигнале сомнителени коверти, додека пак лицата кои што дошле во контакт со пратките, превентивно биле пренесени во болница.

Сомнителен коверт утрово бил откриен и во Центарот за прием и идентификација на мигранти „Морија“ на грчкиот остров Лезбос.

Вести

Нема „Бадентер“ за измени на Законот за употреба на јазиците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува амандмани за Законот за употреба на јазиците, но кај партиите од албанскиот блок не постои расположение за поддршка, а нивниот глас е важен, бидејќи за усвојување е потребно Бадентерово мнозинство. Претседателот на […]

Вести

Ветингот на „стенд бај“ до изборите

Дебатата за ветинг, како и започнувањето на процесот не може да се заврши пред изборите, рече министерката за правда Рената Дескоска, образложувајќи дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско […]

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]