На погребот на Кацифас извикувале „Ворио Епир е грчки и Македонија е грчка“

Голем број Грци, кои присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, во албанското село Буларат, покрај навредливите пораки кои ги извикуваа кон Албанците, како на пример „Албански кучиња“, „Албанци одете си, ова е Грција“, извикуваа и „Ворио Епир е грчка и Македонија е грчка“.

Ворио или Северен Епир, Грците го нарекуваат јужниот дел на Албанија.

Во погребната поворка беше и грчкиот пратеник од Нова демократија Савас Анастадиас, како и албанските поранешни министри и екс пратеници Спиро Ксера и Ванѓел Таво, кои се етнички Грци, како и лидерот на Партијата за заштита на човековите права, во која членуваат албанските Грци и актуелен пратеник Вангел Дуле, кој во изјава за медиумите побара побрзо да се открие вистината за убиството на Кацифас.

Сочувство на семејството му изрази, а присуствуваше и на погребот, кипарската европратеничка Елени Теохару, која пред некој ден изјави дека прашањето за Кацифас ќе го испрати до Европскиот парламент.

-Тој можеше да биде уапсен, но го убија. Го уби албанската полиција, изјави тогаш Теохару.

Во Буларат денеска има големо присуство на екипи на грчки и албански медиуми. На албанските медиуми семејството на убиениот не им дозволи да се приближат до нивниот дом а не давале ниту изјави за нив бидејќи „не ги признавале албанските туку само грчките медиуми“

Според албанските медиуми, на преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, каде има засилени мерки на контрола, приведени се двајца грчки државјани, кои со себе имале оружје и маски, додека на осум други грчки државјани не им е дозволен влез во Албанија, поради, како што се наведува „нивни екстремистички однесувања“.

Грчките министертва за надворешни работи и за одбрана претпладнево упатија апел за воздржаност до грчките граѓани кои се во Буларат.

Албанското Министерство за внатрешни работи, заради безбедносни причини има ангажирано свои претставници од сите сектори. Сепак не биле забележани во близина на погребната поворка униформирани лица, но селото беше надлетувано од полициски хеликоптер.

Инкау, Кацифас (35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен на 28 октомври во престрелка со припадниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“. Тој и неговите две сестри долги години живеат во Грција, додека родителите во родното Буларат, кај Ѓирокастро, во близина на албанско-грчката граница.

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*