Мустафа најави собраниска седница за избор на новата влада на Косово, не очекува отпор од Самоопределување


Мустафа најави собраниска седница за избор на новата влада на Косово, не очекува отпор од Самоопределување - МИА

Приштина, 29 мај 2020 () – Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа најави дека гласањето во Собранието на Косово за составот на новата влада што ќе го предложи кандидатот за премиер од неговата партија, Авдулах Хоти, може да се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни, јави дописникот на од Приштина.

Мустафа изјавата ја даде пред почетокот на консултатитвната средба со партиското раководство, која се одржува по синоќешната одлука на Уставниот суд, кој го оцени како уставен декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот на Хоти.

Лидерот на ЛДК не очекува отпор од страна на досега владејачкото Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти за напуштање на владините канцеларии, бидејќи, според него, такво нешто прават „само тоталитарните режими во Африка“.

Партијата на Мустафа веќе има потпишано договор за коалиција со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, а во владата на Хоти ќе учествуваат и најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) и партиите на другите немнозински етнички заедници.

Откако пред два месеци, на 25 март, беше изгласана недоверба на Владата предводена од Курти, претседателот на државата му го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК, како второрангирана партија на октомвриските избори.

Тачи неколку пати го повика ВВ да предложи кадндидат за премиер, а откако партијата на Курти не одговори на неговите повици, на 30 април тој му го додели мандатот на Хоти. Утредента, на 1 мај, ВВ го оспори пред Уставниот суд правото на Тачи да го додели мандатот на било која друга партија, освен на онаа која победила на парламентарните избори.

Доцна синоќа Уставниот суд одлучи дека декретирањето на Хоти од страна на Тачи не е спротивно на Уставот на Косово, по што претставници на ВВ најавија граѓански протести. 


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]