Митарачи: Ако треба Владата ќе употреби сила за да ги пресели мигрантите во кампот на Лезбос



Митарачи: Ако треба Владата ќе употреби сила за да ги пресели мигрантите во кампот на Лезбос - МИА

Атина, 15 септември 2020 () – Грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи изјави дека Владата ќе употреби сила доколку е потребно за да ги пресели мигрантите во новиот камп на Лезбос, што тие го одбија.

Минатата недела избувна пожар во логорот Морија на Лезбос, каде беа сместени 12.000 мигранти. Многумина од нив сега одбиваат да ги напуштат местата каде што биле веќе една недела.

Митарачи рече дека ќе продолжат напорите за преместување на мигрантите на доброволна основа, со помош на владини толкувачи и брошури распределени на барателите на азил.

– Ако ова не може да се постигне преку разговор, тогаш ќе треба да се користи полицијата. Нивна обврска е да се преселат на ново место, рече тој за грчката телевизија Мега.

Сепак, илјадници мигранти одбиваат да се преселат во нов објект, барајќи да им се овозможи да го напуштат грчкиот остров.

Досега околу 1.000 мигранти се сместени во привремениот камп Кара Тепе со 5.000 легла.

На мигрантите им е обезбедена храна и вода, како и тестови за коронавирус, со кои е утврдено дека вирусот е пронајден кај најмалку 25 лица.

 


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*