Мишел: До мај ќе биде јасно каква ќе биде реформата на проширување на ЕУ за Балканот


Новоизбраниот претседател на Европски совет Шарл Мишел во интервју за полскиот весник „Газета виброча“ изјави дека до мај и самитот ЕУ-Балкан ќе биде јасно како ќе изгледа реформата на Европска Унија и дали истата ќе биде формален услов за согласност за отпочнување преговори на Унијата со Македонија и Албанија.

– Дали ја поддржувам француската идеја за реформи на проширувањето? Тоа е многу повеќе од француска идеја бидејќи на Самитот почувствував интерес од голем број земји. Јас замолив да го избегнеме гласањето, да си дадеме дополнително време за подготовка на одлуката. И во седмиците што следат ќе имаме стратешка расправа. Во мај не очекува самит за Балканот и се надевам дека дотогаш ќе можеме да ја разјасниме ситуацијата, посочи Мишел.

Тој наведе дека станува збор само за тоа дали се отвораат преговори или не со две држави туку и за дебатата за реформи на самиот процес на проширување, на пример со воведување на реверзибилност на одредени чекори во проширувањето во случај на назадување во реформите.

Мишел одговарајќи на прашањето „Дали реформата на процесот на проширување ќе биде формален услов за согласност за старт на преговорите со Албанија и Македонија?“ истакна:

– Ако сега дадам изјави на таа тема само би го отежнал процесот на одлучување, наведе Мишел.

Тој додаде и дека ЕУ мора да одлучи каква стратешка политика ќе гради кон соседите на Унијата, додека за односите со Русија наведе дека треба да продолжи политиката на два колосека – санкции, но и дијалог.

– Во односите со Русија клучно е единството на ЕУ, посочи Мишел.

Тој апелира и за единство во ЕУ и за прашањето за миграцијата, при тоа додавајќи оти Унијата мора да инсистира на европски и хуманитарни вредности.

– Но, во исто време во согласност со европската легислатива мораме да ги поставиме работите појасно, ги примаме луѓето кои ги исполнуваат критериумите да останат во Европа, но во исто време ја зголемуваме ефикасноста на враќање на тие кои не ги исполнуваат критериумите за меѓународна заштита, посочи новиот претседател на ЕС, Мишел.


Вести

Оставка на шефот на полицијата на Малта

Шефот на полицијата на Малта, Лоренс Кутахар, поднесе оставка по критиките што ги добил за начинот на кој ја водеше истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, која истражувала случаи на корупција. Новиот премиер […]

Балкан

Телефонски разговор Мицотакис – Меркел во пресрет на конференцијата во Берлин за Либија

Незадоволство за фактот што Грција не е поканета на конференцијата во Берлин и загриженост за ситуацијата во Либија особено по потпишувањето на меморандумите со Турција, кои Грција ги смета за невалидни, изразил грчкиот премиер Кирјакос […]

Вести

Велика Британија: Министерството за финансии ја означи организацијата Хезболах за терористичка група

Британското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.   […]