Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ денеска изјави дека очекува новата влада да биде формирана на брз, ефикасен начин и во согласност со изборната волја на граѓаните.
По гласањето на вонредните парламентарни избори тој изјави дека најважно е изборниот ден да помине мирно и согласно демократските стандарди.
Милатовиќ рече дека многу е важно граѓаните денеска да излезат на гласање, да го остварат своето право на глас и дека врз основа на тоа, Собранието на многу поадекватен начин ја отсликува политичката сила што во моментов постои во Црна Гора.
Тој порача дека новата влада треба да го продолжи реформскиот пат и да го забрза во некои области, пред се за подобрување на животниот стандард на граѓаните, владеење на правото и забрзување на европскиот пат.