Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги распиша изборите за пратеници во Европскиот парламент, кои ќе се одржат во недела на 9 јуни.
Иако претходно се шпекулираше дека Милановиќ ќе се кандидира за место во Европскиот парламент, тој претходно денеска демантираше. Имено, и покрај забраната на Уставниот суд на Хрватска, Милановиќ води кампања за претстојните парламентарни избори и вели дека тој ќе биде новиот премиер на Хрватска.
Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат во среда, на 17 април.