Милановиќ ги повика членовите на ХОС да не го употребуваат усташкиот слоган


– Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги повика ветераните од ХОС (паравоени хрватски сили 1991-1993) да не го употребуваат усташкиот поздрав „За дом спремни“, кој, како што рече, го оцрнува нивниот став кон одбраната на Татковината и сè што дадоа
во тој период како партиска милиција.



– Тоа е молба, не можам да ги спречам. Во секоја ситуација ќе покажам јасен став за тоа, рече Милановиќ.

Тој неодамна ја напушти комеморацијата на годишнината од воено-полициската операција „Масленица“ во Задар, поради присуството на членови на ХОС чиј грб исто така го вклучува и усташкиот поздрав.

Минатата година, Милановиќ ја напушти комеморацијата на годишнината од воено-полициската операција Блесок, кога членовите на ХОС се појавија пред споменикот со маици со натпис „За дом спремни“.

– Јас ќе ја искористам оваа можност да ги замолам луѓето од ХОС да не го прават тоа повеќе. Бидејќи тој поздрав е нацистички поздрав и само го валка нивниот придонес во одбраната на Татковината и сè што дадоа во тој период како партиска милиција, наведе Миленовиќ откако заедно со претседателот на Парламентот и вицепремиерот Гордан Јандроковиќ и Борис Милошевиќ, положија венец на Споменикот на жртвите на Холокаустот на загрепските гробишта Мирогој.

Милановиќ исто така рече дека зборувал многу и тоа многу јасно за тој усташки поздрав.

– Нека преземат сега оние што можат да променат нешто, а тоа е претставничкото тело, рече шефот на хрватската држава, посочувајќи ја Германија како пример.

Зборувајќи за Холокаустот, Милановиќ рече дека станува збор за „човечки и морален идиотизам„. – Нацистите имаа свои помагачи и во Хрватска. Тоа не се случи далеку во руските степеи, туку и кај нас. Јас како Хрват сум свесен дека тоа се случувало и меѓу мојот народ, се случувало и овде во Хрватска, рече Милановиќ.

Тој уште потенцираше дека е важно децата да се образуваат за тоа што се случило и за тоа колку е лесно баналноста на човековото зло да се разгори во човекот или во група луѓе.